Вести Македонија Топ вести

Морални квалитети и стручност- главни услови за судија во Европскиот суд во Стразбур

Зградата на МНР беше местото каде се одвиваа интервјуата со кандидатите за престижната функција- нов македонски судија во Европскиот суд за човекови права. Некои од кандидатите дојдоа заедно, како поранешната  директорка на Академијата за судии и обвинители Наташа Габер Дамјановска и членот и поранешен претседател на ДИК, Александар Даштевски.

Денеска ќе бидат интервјуирани 8 кандидати, во петок уште 4-ца. Листа од тројца избрани ќе бидат доставени до владата на избор- најдоцна до сабота и крајот на законскиот рок.

  • Два посебни критериуми, два посебни услови кои се нагласуваат од страна на советот на Европа-  моралноста и квалитетот. По однос на овие услови, ова се да кажам, услови од императивна природа, што значи услови без можност за алтернатива. Видете, прашањето на моралноста, на моралните квалитети треба да се цени, не само од интервјуто кое треба да се спроведе туку од севкупната, да кажам, биографија, севкупните материјални докази, севкупното движење во конкретна правна професија на лицата кои се пријавени за овој конкурс. Тоа е навистина субјективна категорија, меѓутоа може да се утврди. И она што е важно. Ве молам повторно нагласувам, за функција судија на Европскиот суд се бара кандидатот да поседува високи морални квалитети, високи морални квалитети, изјави за Телма, уставниот судија Осман Кадриу, кој е член на комисијата за избор.

Според досега потврдените информации, од 21 останале 12 кандидати, главно испаднале адвокати или правници со дициплински повреди во сопствената фела. Меѓу оние кои го поминаа филтерот се судијките Оља Ристова и Габриела Гајдова, судијата Илир Исени, обвинителката Ленче Ристовска.

Членовите на комисијата доаѓаа на комисијата подготвени за оценка и со веќе изготвен деловник за работа и гласање.

  • Поради значењето на оваа функција, ние во нашиот деловник, во деловникот за работа на комисијата се определивме и вградивме посебна одредба дека утврдувањето ќе се изврши со квалификувано двотретинско мнозинство, што значи дека од вкупниот број на членови, а комисијата има 9 членови, треба минимум 6 члена да гласаат „За“. Лицата кои ќе бидат избрани за судија тие, Ве молам, претставуваат оличење (лик) на државата, рече судијата Осман Кадриу.

Кадриу е задоволен од квалитетот на кандидатите кои се пријавија за функцијата во Стразбур со мандат од 9 години. Во јануари догодина му завршува мандатот на Јован Илиевски- досегашниот претставник на Македонија во Европскиот суд за човекови права.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Дејан Дејан

Таравари: На две столчиња не можеме да седиме, од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има предвремени избори

Дејан Дејан

Црн чад од оџакот на Сикстинската капела – без избор на Папа по првото гласање во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе