Вести Македонија Најважни

Обвинение за ексдиректорот на РЕК Битола, Пеце Матевски и уште 9 лица за злоупотреби на тендер

Обвинение за 10 лица, меѓу кои и за поранешниот директор на РЕК Битола, Пеце Матевски за тендерот за ископ на инвестициска откривка во рудникот Брод Гнеотино, поднесе битолското обвинителство.

Матевски на 3 октомври 2022 година го склучил договорот со фирмата РУД-КОП откако од Комисијата за спроведување на јавната набавка претходно била елиминирана Гранит, која ги исполнувала техничките услови и имала најевтина понуда. Тендерот бил склучен на околу 11 и пол милиони евра. Но, следел и анекс кон договорот во септември 2023 година со што се зголемила вредноста за 20 отсто или речиси 2 милиони евра.

„Со што исто така постапил спротивно на Законот за јавните набавки, бидејќи претходно не извршил дополнителна анализа на исплатливост и не ги дообезбедил потребните парични средства кои според законските одредби требало да бидат обезбедени во целост пред склучување на договорот“, соопшти ЈОРСМ.

Меѓу обвинетите се и тројца членови на Стручната комисија кои вршеле евалуација на понудите на јавна набавка.

„Спротивно на Законот за јавни набавки донеле одлука со која незаконито ја елиминирале понудата на еден економски оператор од понатамошна евалуација. Иако фирмата доставила доказ дека ги исполнува условите за техничка и професионална способност од тендерската документација, тие сепак ги оцениле ваквите докази како неприфатливи и ја отфрлиле понудата“, се наведува во соопштението.

Се гонат и тројца членови на Комисијата за јавни набавки кои го прифатиле ваквото стручно мислење и на електронската аукција поканиле само две други фирми кои имале понудено повисоки почетни цени од елиминираната фирма.  Дел се обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување и направена штета, а дел за несовесно работење.

КОД открива: Kои се трите фирми кои го добиле увозот на јаглен за потребите на РЕК Битола

Направената штета на РЕК Битола е 2,9 милиони евра, а битолското обвинителство доставило предлог за одземање на противправно прибавената имотна корист, која била исплатена на РУД- КОП.  Овие средства притоа се замрзнати на сметка до донесување на пресудата за случајот. Од тогаш до денес РУД- КОП има добиено уште 5 тендери за потребите на АД ЕСМ.

Марија Митевска

 

Ја отфрлил најефтината, одбрал поскапа понуда на тендер – кривична пријава против ексдиректорот на РЕК Битола, Пеце Матевски

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На второто гласање Бундестагот го избра Фридрих Мерц за нов канцелар на Германија

Дејан Дејан

По повеќе од три години преговори Велика Британија и Индија постигнаа трговски договор- царините на британските автомобили ќе се намалат од 100% на 10%

Дејан Дејан

Европскиот фронт „отворен за соработка“ и со Таравари, Филипче немал директни контакти со него – во мај ќе се знае дали Алијанса останува на „Илинденска бр. 2“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе