Кардиналите на Католичката црква следната недела избираат нов Папа. Процесот е наречен конклава “под клуч“ каде што е потребно двотретинско мнозинство за да се избере нов папа кој ќе ја наследи позицијата по смртта на Папата Франциск.
Изборот на новиот водач на Католичката црква се врши на тој начин што кардиналите се затвораат и заклучуваат во соба, со цел самостојно да одлучат, а знак дека е избран новиот папа ќе биде белиот чад кој ќе излезе од Систинската капела, а доколку не е избран излегува црн чад и гласањето се повторува.
Претходните конклави траеја неколку дена, а најдолгата досега траела речиси три години. Во XIII век изборот на папата се одолговлекувал толку многу време што на крај жителите го отстраниле покривот од зградата каде биле смесметени кардиналите, бидејќи биле гневни поради тоа што изборот за новиот папа се одложувал. По ваквиот чин бил избран папата Грегориј X.