Вести Култура Македонија Топ вести

Роксан Стојанов, ѕвезда на Париската опера: Вистинска среќа е да се биде мост меѓу две култури

Вистинска среќа е да се биде мост меѓу две култури, вели Роксан Стојанов, ѕвездата на Париската опера, добитничка на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот, која и беше врачена на годинaшното 21.издание на Интернационалниот фестивал „Танц Фест“. Во својата уметничка дејност Стојанов соработува со врвни корегорафи не само во класичниот балет, туку и во современиот танц.

„Имам две националности,  две култури, иако сум почнала да зборувам прво на француски, со македонскиот јазик почнав да пишувам на кирилица. Но, вистина е дека ги поминав последните години во Франција и затоа не зборувам македонски секој ден. Се надевам дека ќе ме разберете со љубов ако не сум сигурна во моите зборови. Тоа што е сигурно за танцување не треба зборови!“, изјави Роксан Стојанов, добитничка на наградата„Менада“.

Ѕвездата на Париската опера, првенката Роксан Стојанов со својата виртуозност на сцената во континуитет ја потврдува моќта на уметноста и универзалниот јазик на танцот кој не познава граници.

Во Скопје ги направив моите први чекори во балетската уметност во улогата на Ѕвончица во „Петар Пан“  и затоа наградата „Менада“  за врвни достигнувања ми е особено драга, вели таа. Во нејзината балетска кариера се вбројуваат соработките со врвни светски кореографи во класичниот балет и современиот танц.

  • Тоа е вистинска среќа за мене што можам да бидам мост меѓу двете култури, двете земји. И ако денес ја претставувам тука Париската опера тука во Македонија, сакам исто така да ја претставам Македонија на Париската опера. Уште еднаш ви благодарам за наградата. Она што јас можам да го понудам е да ја покажам мојата благодарност еден ден танцувајќи во Македонија – изјави Роксан Стојанов, добитничка на наградата„Менада“.

Балетската уметност бара да се откажете од многу нешта, многу порано да созреете за разлика од другите деца, да сфатите дека дисциплината и љубовта кон она што го работите се клучни за еден ден да можете да кажете дека сте успеале и дека вашиот сон е реалност, вели Стојанов.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По скандалот за синџирот со пораки Валц кој беше советник за национална безбедност на Трамп ја напушти функцијата

Дејан Дејан

Родена во иста година како Кочо Рацин – на 116 години почина најстарата жителка на планетата Земја

Дејан Дејан

Владата за тврдењето на СДСМ: Не се ручеци на министри туку услуги за вработени во бифеа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе