И за први мај можно е исклучување на производители на струја од мрежата поради вишоци. Од МЕПСО информираат дека како и за велигден така и за овој празник се очекува намалена потрошувачка на струја, а зголемено производство од обновливи извори. Поради тоа побарале продолжување на одлуката до РКЕ со која се овозможува доколку увидат дека има потреба да исклучат одредени производители од мрежата за да не дојде до колапс на електросистемот.
Според, одлуката на регулаторите оваа можност им се дава на компаниите од утре па се до крајот на октомври. Од мрежата нема да можат да се отстранат само повластените производители на електрична енергија односно оние кои се на регулиран пазар со договорена цена. Тука влегуваат и ветерните паркови. За овој проблем министерката за енергетика Божиновска и првиот регулатор Бислимовски се на вонреден состанок во Атина, затоа што ваков проблем со вишоци на електрична енергија се јавил и во Грција.
За велигденските празници поради намалена потрошувачка на струја а зголемено производство од мрежа биле исклучени неколку соларни централи. Од МЕПСО уверуваат дека мрежата е стабилна, а состојбата постојано се следи.