Вести Временска прогноза

Постепено стабилизирање – Временска прогноза за 28.4.2025

Новата работна недела ни носи постепена стабилизација. Во понеделник ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи особено во првата половина од денот. Веќе попладне повлекување на оваа нестабилна воздушна маса која подолг период се наоѓа над подрачејто на Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во Скопје, променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11°C, а максимумот од 15 до 22°C.

Агропрогноза:

Врнежите од дожд се од големо значење за земјоделските култури, посебно за зголемување на влагата во почвата, така што почвата би била во уште подобра состојба и со подобрен водно-физички режим за попродуктивен и поинтензивен раст и развој. Овие нови врнежи се добредојдени за сите земјоделските култури. Исто така, поради повисока релативна влажност во зоната на растенијата може да се создадат поволни услови за појава на растителни болести и штетници, па поради тоа потребно е редовно да се врши контрола и заштита на посевите. Доколку почвените услови дозволуваат, земјоделските производители може да почнат или продолжат со активностите и грижата за нивните посеви и изведување на работи во поле. Се препорачува да се преземат превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води и заштита од нив.

Информација од утрово:

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

7 Струмица, 6 Крива Паланка, Берово, 5 Куманово, 4 Тополчани, 3 Охрид, Битола, Прилеп, 2 Виница, Крушево, Маврови Анови, Пожаране, Попова Шапка, 1 Тетово, Претор, Штип, Кавадарци, Гевгелија, Лазарополе.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 13.0, Преспанско Езеро 11.5, Дојранско Езеро 18.4.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Горан е тука“ – одбележани 73 години од раѓањето на Горан Стефановски

Дејан Дејан

СДСМ: Притисок со инспекции

Дејан Дејан

Асфалт со дупки, фекалии на улица, септички јами во дворовите – живот меѓу две општини и борба за основни услови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе