Одземен пасош и забрана за работни активности поврзани со кривичното дело, ова се мерките кои попладнево ѝ ги определи Кривичниот суд на претседатлеката на Антикорупциска Татјана Димитровска.
Таа попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка откако Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција предложи мерки на претпазливост за неа и уште двајца други осомничени.
Според информациите на Телма стнаува збор за поранешна финансиска директорка во ТЕЦ Неготино и вработен во една од фирмите опфатени со истрагата „Адитив“.
Во рамки на предметот „Адитив“ од прибраните докази донесена е наредба за спроведување на истрага за уште три лица, соопштија од ојо гокк.
Телма дознава дека Димитровска е осомничена за делото Одавање службена тајна.
Ставот 1 гласи – Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или на друг начин ќе му ги стори достапни податоците што претставуваат службена тајна или прибавува такви податоци со намера да ги соопшти или предаде на јавноста или на неповикано лице, ќе се казни со затвор од три месеци до пет години
Димтровска попладнево е недостпана на мобилниот телефон.
Таа е претседател на Антикоруциска од февруари лани, а претходно работеше како ревизор во ДЗР, но според нашите извори осомничена е за перидот во ДКСК.
За сега нема информација конкретно какви ограничувања на работното место за Димтировска предвидува мерката – Забрана за работни активности поврзани со кривичното дело.
Обвинителството поденесе обвинение за „Адитив“ на крајот на февруари против 31 физичко и пет правни лица. Првообвинет за несовесно работење е поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство.
Обвинети за неколку кривични дела се и неговиот наследник Васко Стефанов, како и екс директорите на РЕК Битола, Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, и поранешните комерцијални директори на ЕСМ, Адријан Муча и Данчо Стојановски.
Според обвинението во период од април 2023 година до август во 2024 година, создале група со цел вршење на кривични дела. Меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј.
На фирмата која го добила тендерот ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист од 6,4 милиони евра.
Елена Ивановска Мукоска