Вести Свет Топ вести

Како се избира нов Поглавар на Светата Римска Црква?

По смртта на папата започнуваат девет денови на жалост, во римокатоличкиот свет познати како „новендиале“, обичај кој потекнува уште од антички Рим.

Откако камерленгото на Светата римска Црква ќе ја потврди смртта на папата, и пред да ја соопшти на светот, го известува Колеџот на Кардиналите кои во рок од неколку денови треба да се соберат во Ватикан за погребот на починатиот понтиф.

По погребот започнува долгата процедура за избор на нов поглавар на Римокатоличката црква. Таа започнува со серија на затворени за јавноста состаноци на кои кардиналите ќе бидат информирани за состојбата на Црквата, нејзините финансии и проблемите со кои таа се соочува и каков треба да биде профилот на папата кој треба да се избере и кој ќе ја предводи Црквата во соочувањето со тие предизвици.

Потоа започнува конклавата, односно конкретниот процес за избор на нов понтиф, кога околу 120 кардинали, помлади од 80 години ќе бидат физички изолирани во Систинската капела се додека над неа не се појави белиот чад, односно не изберат нов папа од своите редови.

Првиот ден започнува со утринска миса а првото гласање се одржува попладнето. Ако во првото гласање не се избере понтиф, гласачките ливчиња се горат а чадот излегува над Систинската капела. Ако чадот е црн, тогаш не бил избран папа. Потоа кардиналите се состануваат следното утро. Имаат по две гласања претпладне и две гласање попладне се додека не изберат папа. Во тој случај, од оџакот излегува бел чад и светот знае дека бил избран папа, и тој излегува на балконот на Базиликата Свети Петар и ги слушаме познатите зборови „Абемус Папам“ – „Имаме Папа“, објасни дописничката од ватикан на Асошиејтед прес, никол винфилд.

Според правилата за еден кардинал да биде избран за папа, за него треба да гласаат две третини од членовите на Колеџот. Кардиналите ќе гласаат се додека не изберат папа, односно најмногу по 4 гласања на ден.

Франциск, беше избран 24 часа по започнувањето на Конклавата, односно на петтото гласање на кардиналите, но историјата има забележано екстремно долги конклави, како изборот на Грегори Х во 13 век, која траела дури 3 години.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франциск, папата од народот кој се обиде да ја реформира Римокатоличката црква

Дејан Дејан

На Граничниот премин Богородица не очекуваат долготрајно чекање

Дејан Дејан

Обвинителството истражува како се депонира пепелта во РЕК Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе