Вести Економија

НБРМ не ги намали каматните стапки, монетарна политика останува внимателна

Поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, при поизразени неповолни ризици, особено од надворешното окружување. На редовна седница на Извршниот одбор на НБРМ за поставеноста на монетарната политика донесена одлука каматната стапка на благајничките записи да остане непроменета на нивото од 5,35%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 3,95% и 4%, соодветно.

Дополнително на седницата било оценето дека тековната Понуда на благајничките записи на редовната аукција ќе биде исто така непроменета, односно ќе изнесува 10 милијарди денари.

Со ваквата одлука се задржува внимателниот карактер на монетарната политика, велат од НБРМ.

Од таму додаваат дека со целокупниот сет мерки, односно со сегашното ниво на каматните стапки, досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки, ќе се придонесе за ценовна стабилност на среден рок и за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

Европската централна банка, на последната седница во април донесе одлука за намалување на каматните стапки за  0,25 процентни поени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Дејан Дејан

Приведена радовишанка, возела пијана, предизвикала сообраќајка и го напуштила местото

Дејан Дејан

Ревидирана преговарачка структура, активирани фондови, зголемена видливост – отчет на Муртезани за евроинтеграциите во изминатите 12 месеци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе