Вести Македонија Најважни

Почина 24-годишен кочанчанец по еден месец лекување на ВМА – 62-ра жртва на пожарот во дискотеката „Пулс“

Дваесет и четиригодишниот Стојанче Стефанов од Кочани по еден месец лекување во Воената медицинска болница (ВМА) во Белград им подлегна на повредите. Стефанов е 62-ра жртва во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Станува збор за пациент кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови, е веднаш упатен на лекување во ВМА во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.

Во моментов низ болниците во странство се лекуваат 45 повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“, а од нив двајца се во тешка состојба. Нивната состојба денеска е стабилна.

На 16 март загинаа 59 пациенти, а во текот на месецов битката ја загубија тројца тешко повредени пациенти, кои се лекуваа во болниците во странство.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе