Uncategorized

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

(ПР Текст) Компанијата Флекс Кредит ја доби престижната награда „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва, во рамки на годишниот избор на веб-порталот Вработување.ком за 2024 година.

Ова признание претставува потврда за посветеноста на Флекс Кредит во областа на човечките ресурси и создавање позитивна и продуктивна работна средина. Истражувањето, спроведено од Вработување.ком, се базира на гласовите и перцепцијата на јавноста, при што Флекс Кредит е препознаена како прв избор меѓу финансиските друштва – компанија што вработените и кандидатите најмногу ја посакуваат како работодавач.

Компанијата во изминатата година беше наградена и со признанието за најдобра Employer Branding кампања за 2023 година, што дополнително ја потврдува конзистентната стратегија и ангажманот во градењето на силен бренд на пазарот на труд.

„Горди сме што јавноста континуирано ја препознава и вреднува нашата работа, посветеноста и грижата за вработените. Ова признание е поттик за понатамошен раст и унапредување на нашата организациска култура,“ изјави Јоана Спасовска, извршен директор на Флекс Груп.

Наградата беше доделена на свечената манифестација „Работодавач на годината“, организирана од Вработување.ком, која се одржа на 16 април 2025 година, пред повеќе од 300 гости – HR професионалци, менаџери и лидери од водечките компании во земјава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синдикални обвинувања – Има ли судско умилкување пред МВР?

Дејан Дејан

Реорганизација на ФИТР и спојување со Агенцијата за поддршка на претприемништво

Дејан Дејан

Мазутот поевтинува за повеќе од денар на полноќ, останатите горива со непроменети цени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе