Вести Економија

Европската централна банка ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени

Европската централна банка (ЕЦБ) ја објави одлуката во однос на каматните стапки во услови на зголемена загриженост меѓу финансиските пазари поради турбуленциите кои ги наметнаа тарифите на американската администрација на претседателот Доналд Трамп. Сепак очекувањата на аналитичарите се исполнија и каматите бележат ново намалување од 0,25 процентни поени, со што каматната стапка на депозитните олеснувања би била 2,25 процентни поени.

Останатите две водечки стапки – основната стапка на рефинансирање и каматата на маргиналните кредитни средства – исто така се намалени за 0,25 процентни поени – соодветно до 2,40 проценти и 2,65 проценти. Ова го засили трендот на намалување на каматните стапки, кој почна во јуни минатата година.

Кредитната активност во првото тримесечје од 2025 година и стандардите за кредитирање бележат стабилизирање, откако значително се подобрија во текот на претходните две години, што сугерира дека каматната стапка на ЕЦБ е блиску до нејзината конечна вредност.

Претседателкатра на ЕЦБ, Кристин Лагард претходната недела соопшти дека европските финансиски пазари оперираат стабилно и покрај зголемената раздвиженост.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поевтинуваат за два денара, дизелот за денар – на полноќ паѓаат цените на горивата

Дејан Дејан

Пожар на глисер закотвен во Студенчишкиот канал во Охрид

Дејан Дејан

Приведена радовишанка, возела so 2.23 пролили, предизвикала сообраќајка и го напуштила местото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе