Спорт Фудбал

Хуманитарно дерби во Скопје – Вардар и Ѕвезда играат за Кочани

По три децении, вечните ривали Вардар и Црвена Ѕвезда повторно ќе се сретнат – овој пат на скопскиот стадион и со повисока цел. Наместо бодови и пласман, на овој натпревар најважна ќе биде поддршката. Фудбалскиот спектакл има хуманитарен карактер – со цел да се соберат средства за семејствата на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани. Натпреварот ќе се одигра на националната арена „Тодор Проески“, со почеток во 20 часот.

Челниците на Црвена Ѕвезда веднаш ја прифатија иницијативата на Дарко Панчев за организација на хуманитарен меч во Скопје. Трагедијата што се случи на 16-ти март го обедини целиот Балкан – и човечки, и спортски.

Натпреварот предизвика огромен интерес кај македонската јавност. Продадени се повеќе од 22.000 билети, а капацитетот на стадионот изнесува 33.000 места. Цената на билетите е 100 и 200 денари, а сите средства од продажбата ќе бидат донирани за настраданите семејства.

Во Скопје ќе пристигнат и дел од легендите на Црвена Ѕвезда, кои ќе продефилираат на теренот по првото полувреме. Меѓу нив ќе бидат и неколку македонски фудбалски имиња: Дарко Панчев, Илија Најдоски, Драган Канатларовски, Горан Попов и Бошко Ѓуровски.

Спортот уште еднаш покажува дека е повеќе од игра. На 27 април, македонските и бугарските фудбалски легенди ќе одиграат хуманитарен натпревар во Варна, а сите собрани средства ќе бидат донирани за Кочани.

Идентичен потег направи и Ракометната федерација на Македонија – средствата од натпреварот меѓу женските репрезентации на Македонија и Полска, одигран во Битола, се веќе уплатени за помош на настраданите.

Билети за натпреварот можат да се купат на следниот ЛИНК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар и Црвена Звезда играа за Кочани, полни трибини на хуманитарниот натпревар

Дејан Дејан

ФОТО: Легендите на Вардар и Црвена Звезда беа дел од хуманитарниот натпревар на Градски

Дејан Дејан

ФОТО: Комити им се заблагодарија на земјите кои помогнаа во лекувањето на повредените во трагедијата во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе