Балкан Вести Најважни

Студенти ја блокираа зградата на српската национална телевизија

Голем број студенти го блокираа влезот на зградата на државната телевизија на Србија во Белград обвинувајќи ја јавната ТВ станица за фаворизирање на владата на претседателот Александар Вучиќ. Слична блокада беше организирана во вториот по големина град во земјата Нови Сад.

Студентите во Србија стојат зад речиси секојдневните собири што започнаа откако бетонска покривна конструкција се урна во ноември на железничка станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица.

Протестите го потресоа владеење на Вучиќ и неговата цврста контрола на власта. Многумина во Србија веруваат дека огромната бетонска конструкција паднала поради лошата изведба на реновирањето поради корупција.

Студентите инсистираа на целосна одговорност за трагедијата, повик што доби широка поддршка кај граѓаните кои се главно разочарани од политичарите и ја изгубија довербата во државните институции. Вучиќ ги опиша митинзите како трик оркестриран од Западот за да го собори од власт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(живо) Муртезани во Топ Тема: Од Таравари беше побарано јавно да каже дека во никој случај нема да соработува со Али Ахмети

Дејан Дејан

За Трамп Харвард е „шега“ што „учи на омраза и глупости“

Дејан Дејан

Избрана нова српска Влада на чело со Ѓуро Мацут

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе