Вести Македонија Најважни

Собраниска иницијатива за надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи седница со иницијатива за надзорна расправа за селективноста во истрагата за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Досега, обвинителството идентификувало вкупно 61 осомничен, меѓу кои поранешни министри, директори, полициски службеници, инспектори, градоначалници, лица од кабарето „Пулс“ и неговото обезбедување.

Министерот без ресор Шабан Салиу, генералниот инспектор на Дирекцијата за заштита и спасување, пазарна инспекторка од Виница и раководител во Министерството за економија се меѓу четворицата на кои им беше одреден притвор во рамки на проширената истрага за трагедијата во Кочани, во која загинаа 61 лице.

Куќен притвор им е одреден на поранешните министри за економија Беким Незири и Ваљон Сарачини, додека на екс министерот и сегашен амбасадор Дритон Кучи му се изречени мерки на претпазливост.

Под куќен притвор се и актуелниот и поранешниот директор на ДЗС, Џеват Селами и Аднан Џаферовски. Истражуваните институции се Министерството за економија, Дирекцијата за заштита и спасување и Пазарната инспекција, со фокус на периодот од 2012 до денот на трагедијата — 16 март 2025… Обвинителството и натаму го проширува кругот на одговорни за трагедијата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Анкета)Битолчани и вечерва на протест против  Регионална депонија  

Дејан Дејан

Телма интервју со Еленко Миланов, адвокат на екс министрите за економија Бектеши и Незири за случајот во Кочани

Дејан Дејан

САД планира да затвори околу 30 амбасади и конзулати низ целиот свет дознава „Њујорк тајмс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе