Вести Економија

Од кои институции Владата го собра вишокот на пари за да пораснат приходите во буџетот?

Од кои државни институции Владата го собра вишокот на пари поради што се зголемија приходите во буџетот, од Министерството за финансии нема одговори.

Сепак, од податоците на нивната страница може да се види дека во 2023 година добивка имале ЕСМ, МЕПСО, М-НАВ, Државна лотарија, Номагас, Јавното претпријатие за државни патишта, па дури и новинската агенција МИА.

Сите тие заедно во оваа година оствариле вкупна добивка од речиси 97 милиони евра. Но, пред да биде оданочена. Токму за растот на приходите во буџетот, министерката за финансии Кочоска кажа е поради тоа што се собрани дивидендите од државните институции. Односно ова може да се протолкува и како преземање на нивната нето добивка, откако таа ќе се оданочи.

Според бројките за еден месец, односно во март, приходите во буџетот се зголемени за околу 660 милион евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Здружението на лекари по општа-семејна медицина бара реформи во примарното здравство

Дејан Дејан

Kаде ќе бидат префрлени повеќе пари за плати со ребалансот на буџетот?

Дејан Дејан

Филипче со повик до власта заеднички да лобираат против бугарскиот амандман во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе