23.04.2025 10:52
Останато Спорт

Карате клубот „Макпетрол“ во последните 24 години освоил 953 медали

На неодамна одржаното државното првенство за сениори и државниот Бергер турнир за 2025 година, кои имаа критериум за избор на сениорска карате репрезентација на Македонија, „Макпетрол“ освои вкупно 15 медали од кои осум златни, пет сребрени и две бронзени медали.

Успешноста која во континуитет ја постигнува овој спортски колектив во изминатите години, покажува дека во македонската карате историја „Макпетрол” е најтрофејниот и најуспешен клуб во државата. Епитетот најтрофеен е  поради бројните освоени медали од сите видови на натпревари кои се организираат од страна на Карате федерацијата на Македонија (КФРСМ), Европската карате федерација (ЕКФ) и Светската карате федерација (WKF).

За период од 2001 до 2025 година, од учества на државни првенства карате клубот „Макпетрол” освоил вкупно 953 медали, дд кои 409 златни, 289 сребрени и 255 бронзени медали.

Скопскиот клуб најголем дел од овие медали или поточно 462 ги освоил во сениорска конкуренција и во конкуренција на помлади сениори (У21).

Од почетокот на 2009 година па се до оваа година, дури 147 спортисти на „Макпетрол“ биле прворангирани во државното првенство и биле македонски репрезентативци, кои потоа учествувале на Светски или Европски првенства.

Карате клубот Макпетрол – Скопје е историски најуспешниот спортски колектив кој константно придонесувал за успешноста и развојот на карате спортот во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Првиот чекор кон финалето е направен, Алкалоид го совлада Рунар

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Работнички со пресврт до победа против Пелистер

Дејан Дејан

Мајами и Мемфис се последните учесници во плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе