Вести Економија Македонија

Македонците во 2024 потрошиле 284 милиони евра за онлајн купувања

Македонските граѓани во 2024 година со своите платежни картички во странство потрошиле за онлајн пазарење речиси 285 милиони евра во 7.4 милиони трансакции, купувајќи производи и услуги посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн.

Во однос на 2023 година Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2024 година потрошиле 45.4% повеќе додека бројот на е-трансакциите е зголемен за 61.4%, покажува анализата на Асоцијацијата за е-трговија изработена врз база на објавените податоци од Народната банка.

Просечната трансакција изнесува 38.6 евра и е помала за 10% во однос на 2023 година.

Најголем број од трансакциите се направените во Холандија, Обединето Кралство, Ирска, Унгарија, САД, Грција, Луксембург, Литванија и Германија.

За една година, пак за 80,15 проценти е зголемен бројот на измамите направени во трансакциите со картички.

Предизвиканата штетата во 2024 е повисока за сериозни 135,27 проценти споредено со вкупната сума од 2023 година.

На удар најчесто се граѓаните, а „мека“ за дубарите од овој вид се онлајн нарачките. Во плаќањата со картички „изгореле“ 693 илјади евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алијансата и Таравари одлучија со свои листи да одат на локални избори, но да останат во “Вреди”

Дејан Дејан

Трамп: Можеби Харвард треба да го изгуби фискалното ослободување

Дејан Дејан

(видео)Централното претседателство на крилото на Арбен Таравари од АА- без конкретен одговор дали е можно и евентуално напуштање на Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе