Претпладнево се приведени повеќе осомничени во рамки на истрагата за пожарот во кабарето Пулс во Кочани. Според првичните информации меѓу осомничените има и вршители на функции, директори, актуелни функционери и поранешни министри.
Од обвинителството кратко потврдија без многу детали.
-По наредба на јавен обвинител во тек е акција за приведување на повеќе лица, а во насока на проширување на истрагата за пожарот во Кочани. Надлежните иституции ќе ја информираат јавноста координирано штом бидат завршени дејствијата кои се во тек, соопштија од Обвинителството.
360 степени објави дека со проширувањето на истрагата се опфатени 23 лица.
Меѓу уапсените и поранешните министри за економија Сарачини и Незири