Тројца поранешни министри за економија, сегашен министер без ресор и директорот на ДЗС асе меѓу дваесеттината осомничени кои денес полицијата ги приведе по налог на Обвинителството во рамките на истрагата за трагедијата во Кочани која однесе 61 живот.
Осомничените во текот на денот ќе бидат спроведени во судот во Кочани на распит пред обвинителите кои ја водат истрагата а судиите ќе одлучат какви мерки ќе им изречат односно.
Според неофицијалните информации меѓу приведените се екс министрите за економија Ваљон Сарачини и Беким Незеири, актуелниот министер без ресор но поранешен директор на ДЗС Шабан Салиу и директорот на ДЗС, Џеват Селами.
Осомничен е и Дритон Кучи, македонски амбасадор во Норвешка и поранешен министер за економија. Тој преку социјалните мрежи соопшти дека припадници на МВР биле во неговиот дом во Македонија и најави дека се враќа во државата за да се стави на располагање на истражните органи.
Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се едиствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата, напиша кучи.
Со последните приведувања на осомничените за трагедијата во Кочани, може да се забележи дека истрагата на Обвинителството го опфаќа периодот од самиот почеток, од 2012 година кога почнува со работа кабарето „Пулс“, а сега се испитува работењето на министерството за економија и Дирекцијата за заштита и спасување но не и Пазарната инспекција.
Во периодот од 2012 година заклучно со 16 март денот кога се случи трагедијата во министерството за економија се смениле пет министри вклучувајќи го и актуелниот Бесар Дурмиши кој не е меѓу осомничените.
Дирекцијата за заштита и спасување во периодот од 2012 година ја воделе четворица директори именувани од Владата од различни политички партии.
Кај Пазарната инспекција во последните тринаесет години се смениле најголем број на директори, вкупно осум, вклучувајќи го и актуелниот Влатко Стројкоски кој не е опфатен со истрагата
По проширувањето на истрагата и новите приведувања се огласија од ДУИ кои сметаат дека дека Албанците се нападнати од институциите на сопствената држава, дека станува збор за еднострана истрага со цел да се заштитат актуелните функционери и најавија дека ќе ги преземат сите мерки за да го запреле нападот.
Досега за трагедијата во Кочани се осомничени триесет и три лица. Актуелниот градоначалник Љупчо Папазов е во притвор а неговите претходници Ратко Димитриевски и Николчо Илијев се во домашен притвор.
Во притвор е и екс министерот Крешник Бектеши, екс државниот секретар размена Цекиќ, тројца службеници во министерството како и екс директорот на Пазарниот инспекторат Гаран Трајковски пазарни инпектори од Кочани. Притвор има и за седуммина полициски службеници и функционери од кочанската и штипската полиција, сопственикот на објектот и лица поврзани со него и од обезбедувањето во овбјектот.
Од Обвинителството вчера доставија предлог до судот за продолжување на мерките притвор и куќен притвор кои веќе се изречени на триесет и тројца осомничени за трагедијата во Кочани а од кочанскиот суд соопштија дека веднаш е почната постапката за одлучување а се со цел да се запази рокот.
Огнен Чанчаревиќ