Со проширувањето на истрагата за трагедијата во Кочани кога во пожар во кабарето Пулс загинаа 61 млади луѓе, а над 200 се повредени, опфатени се и повеќе поранешни министри за економија.
Меѓу приведените, според сознанија на Телма се поранешните министри Ваљон Сарачини и Беким Незири (министри во периодот од 2011 до 2016).
Претходно, беше приведен и во притвор е Крешник Бектеши, министер за економија од 2017 до 2024.
Од обвинителството и полицијата досега нема информации дали со истрагата е опфатен актуелниот министер Бесар Дурмиши во чиј мандат кабарето Пулс работеше без лиценца и се случи трагедијата.
Меѓу осомничените е и екс министерот Дритон Кучи кој е амбасадор во Норвешка.
ТЕЛМА ДОЗНАВА: Осомничениот амбасадор Дритон Кучи се враќа од Норвешка