Ескалира трговската војна САД – Кина. Официјален Пекинг објави ги зголеми царините за американските стоки кои се увезуваат во земјата на 125% . Одлуката стапува на сила утре. Новите царини се одговор на сегашната давачка од 145% која Вашингтон ја воведе за кинеските стоки кои влегуваат во САД. Познавачите велат, Пекинг едноставно го следи моделот на САД што се појави во текот на минатата недела и тарифите што САД му ги наметнаа. Во обидот на инвеститоторите да ги обезбедат своите средства, златото се искачи на рекордно високо. Европските акции имаа позитивен почеток, но многу азиски пазари се во пад поради несигурноста на даноците.
„Инвеститорите сè уште се потресени од царинската војна меѓу САД и Кина, при што Белата куќа потврди дека ефективната тарифна стапка за Кина била 145%, повеќе од најавените 125%. Но, денес забележуваме дека и пазарот во Хонг Конг беше поотпорен. Ханг Сенг индексот наиде на имаше подршка од само 20.450“ изјави Луис Вонг, директор на групацијата „Филип секјурити груп“.
Претходно кинеското Министерство за трговија ги нарече американските тарифи „игра со бројки без практично значење“ и дека тоа „ќе биде како шега“, без да најави одговори на какви било дополнителни американски царини. Кина сепак од утре ќе ги царини американските производи кои влезат во земјата. Кинескиот претседател Си Џинпинг веќе ја повика ЕУ да му се придружи на Пекинг во спротивставувањето на ова, како што нарече, „малтретирање“ од страна на САД, истакнувајќи дека „нема победници во војната со царини“.
„Уште повеќе, тарифната војна во Кина ескалира. Ова е вистинскиот проблем. Така, пазарот е загрижен дека трговската војна меѓу двете најголеми економски сили во светот – САД и Кина – ќе предизвика глобалната економија да западне во рецесија. Ова е вистинската грижа“ изјави Такаши Хироки, главен стратег во Монекс.
Кај Трамп не паѓа оптимизмот дека ќе биде постигнат договор со Пекинг. Американскиот претседател во свој стил вели дека тарифите го прават „многу среќен“, а целта е да ги натера земјите од светот да бидат праведни кон САД. По одлуката за 90-дневно одложување на тарифите за десетици земји од светот, тој рече дека вчера имал голем ден.
Билјана Ставрова