Вести Економија Топ вести

Конзервиран или замрзнат? – каков грашок ќе има во новата пресметка на кошничката која сè уште се креира

Конзервиран или замрзнат грашок? – Лименка од 200 грама нескафе или се може и без тоа? – Сè уште не се открива кои производи ќе влезат во новата потрошувачка кошничка, чија пресметка почна откако се побараа измени и по изјавите од Владата дека во нејзе има спорни производи. Она што се знае е дека повеќе нема да се користи терминот минимална, ќе биде просечна кошничка и наместо за четиричлено, ќе биде за тричлено семејство. Нема да има место за акцизна стока, како цигари и алкохол кои и досега не се пресметуваа. Реална, а не кошничка за политички цели, најави заменик министерот за економија во вчерашната „Топ тема“.

На новата кошничката работеле повеќе министерства, за економија, земјоделство, пазарниот инспекторат, комисијата за заштита на конкуренцијата. Од ССМ велат дека ниту се дел од пресметка, ниту биле консултирани. Ќе продолжат да си ја пресметуваат својата која ја објавуваат повеќе години.

„Не сме вклучени во подготовката ниту сме консултирани, може би поради тоа што вредноста на Синдикалната минимална кошничка не покажува колку им е потребно на работниците за да преживеат, туку истата е потврда дека платите мора да се зголемат со забрзано темпо“, соопштуваат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). 

По економско-социјалниот совет, кој се одржа во февруари, излезе барање дека кошничката треба да ја пресметува посебно тело, а не само ССМ. Во нејзе имало чудни производи изјави премиерот Мицкоски и рече дека тој лично во јануари не јадел сезонско овошје, цреши, кајсии, праски и слично, а не испил ниту лименка нескафе од 250 грама. Посочи дека треба да има измени.

Потоа, за министерката Кочоска, беше спорно зошто во кошничката има грашок во конзерва и 13 литри млеко. Дел од економистите, пак, сугерираа, ако се прави промена во пресметката, да не учествуваат министерства.

Пред неколку години, Државниот завод за статистика престана да ја објавува кошничката, па од 2011 година тоа почна да го прави ССМ. Во анализата има 63 производи.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од кои институции Владата го собра вишокот на пари за да пораснат приходите во буџетот?

Дејан Дејан

Финансиска полиција „тресе“ на осум локации за тендери во болницата во Прилеп

Дејан Дејан

Голем број претставки до Народниот правобранител

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе