Вести Македонија

„Кој е следен?“ на протест во 18 ч. пред Влада

„Системот заборава, ние не“ e слоганот под кој иницијативата „Кој е следен?“ најави уште еден протест што ќе се одржи денеска во 18 часот пред Владата. Од таму предвиден е марш преку Судскиот совет и Собранието до Кривичниот суд.

„Системот заборава, но ние не забораваме. Ние ја паметиме секоја колективна траума што политичарите ја користат за поделби. Секоја лага што ја шират за да не исплашат, секоја неправда со која сакаат да не замолчат“, се вели во најавата на протестот.

Од таму додаваат дека два месеца граѓаните бараат промена, „но ништо не се менува“.

„По четири протести, несреќите се зголемија. По три форуми, неправдата порасна. По одржаното Народно Собрание, пратениците станаа уште потивки“, велат од „Кој е следен?“ од каде ги повикаа сите граѓани да излезат и да дадат поддршка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Политички пораки и славенички фрази од Ахмети – лидерот на ДУИ се обрати пред чаирчани, на 23-годишнината од формирањето партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе