Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД добиваат две милијарди долари дневно од царини. Тврдењето го објави за време на настан во Белата куќа, без да наведе детали.
Американскиот претседател воведе низа царини за други земји по преземање на функцијата во јануари.
Дневниот извештај на Министерството за финансии за депозитите и повлекувањата од неговата генерална сметка, главната оперативна сметка на федералната влада, покажува дека депозитите „Царина и одредени акцизи“, овој месец во просек изнесувале околу 200 милиони американски долари дневно.
За целиот месец февруари, Министерството за финансии заработило околу 7,25 милијарди долари од царина. Во четврток ќе биде објавен месечниот буџетски извештај за март, кој ќе ги содржи најновите месечни бројки.