Вести Македонија Топ вести

Обвинителството ја прекина истрагата за дипломата на тетовскиот судија Ферати- инспекторатот утврдил дека ги преполагал испитите

Обвинителството во март ја прекинало истрагата за дипломата на судијата Ељведин Ферати бидејќи со одговорите од Просветниот инспекторат се негирани тврдењата на ДКСК од постапка во 2023-та дека сам ги преправал оценките за да ги исполни условите за прием на Академијата за судии и обвинители.

-Во прилог на досието беа доставени и материјални докази – барања, решенија и пријави за повторно полагање, како и доказ за добиени оценки за четири предмети со кои Факултетот потврдува дека во 2014-та година студентот ги преполагал испитите и добил оценки со кои го зголемил својот просек над 8,00, по што се пријавил за кандидат на Академијата за судии и јавни обвинители, пдговорија од обвинителството.

Ваквата информација на 31.01.2024. година Државниот универзитет во Тетово ја доставил и до Државниот просветен инспекторат, како дополнување на списите врз основа на кои бил изготвен Записникот за извршен инспекциски надзор во јуни 2023-та година.

Откако цела година, предметот “преседел” во Просветниот инспекторат, на почетокот на годината бил испратен и стигнал како доказ во обвинителството, по што предметот за Ферати е затворен.

Миомир Серафиновиќ

Во меѓувреме, по вчерашните реакции за пресудата за смртта на Теодора Ристевска, Судскиот совет отвори постапка и го побара тој судски предмет на Ферати за да го разгледа и да утврди дали има судиски пропусти. Истото беше побарано и од страна на премиерот кој евентуалните критичари на неговата изјава ги нарече “полноглавци”.

По солзите за „правдата“ за Теодора Судскиот совет го разгледува предметот, премиерот од врвот на извршната власт го побара истото и критичарите ги нарече „полноглавци“

Во продолжение, целиот одговор од Јавното обвинителство:

По поднесено известување од Државниот просветен инспекторат, Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет и ја прибави целокупната документација од досието на наведениот студент од Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово и од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Во прилог на досието беа доставени и материјални докази – барања, решенија и пријави за повторно полагање, како и доказ за добиени оценки за четири предмети со кои Факултетот потврдува дека во 2014-та година студентот ги преполагал испитите и добил оценки со кои го зголемил својот просек над 8,00, по што се пријавил за кандидат на Академијата за судии и јавни обвинители. Ваквата информација на 31.01.2024 година Државниот универзитет во Тетово ја доставил и до Државниот просветен инспекторат, како дополнување на списите врз основа на кои бил изготвен Записникот за извршен инспекциски надзор во јуни 2023 година.

Имајќи ги предвид доставените документи, јавниот обвинител кој постапуваше во предметот на 10.03.2025 година донесе резолуција со која констатираше дека не се исполнети елементите врз основа на кои би можел да преземе кривичен прогон по службена должност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, претпладне нестабилно, попладне со сонце – Временска прогноза за 18.4.2025

Дејан Дејан

Тему и Шеин најавуваат поскапувања поради царините на Трамп

Дејан Дејан

Aкутна неухранетост- седмата недела блокадата за помош во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе