Тимот на „Култура Бета“ и „ПНВ Публикации“ ги избра младите поети што ќе читаат на настанот „Скопје СИ ТИ“ по претходно распишаниот конкурс за песни на тема урбана поезија.
На „Скопје СИ ТИ“ ќе читаат: Јована Алексовска, Селин Есад, Христијан Илиевски, Максим Костадинов, Нино Наумовски, Милена Неделковска, Клаудио Серафиноски, Фотиј Сионис, Симона Срезовска, Бисера Стефановска, Методија Тасевски и Дарија Трендафиловска.
„Скопје СИ ТИ“ ќе се одржи на 21 мај, среда, во Скопје Сити Мол, со почеток од 19:00 часот.
Станува збор за настан за поддршка на младите поети почетници, нудејќи им шанса да се претстават со поетско читање, во рамки на манифестацијата „Денови на поезијата“, што ќе се одржи во периодот од 19 до 21 мај, во организација на Скопје Сити Мол заедно со Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ‒ Скопје, ПНВ Публикации, Култура Бета и други чинители, и ќе се состои од низа настани за промоција на поезијата. Програмата во целост ќе биде објавена наскоро.