Вести Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер – Временска прогноза за 2.4.2025

Нестабилната временска состојба продолжува понатаму. Па така и во среда со променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 10°C, а максимумот од 12 до 19°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-1 Попова Шапка, 1 Лазарополе, Маврови Анови, 2 Крушево, 4 Тополчани, Радовиш, Пожаране, 5 Берово, Претор, 6 Охрид, Прилеп, Битола, 7 Тетово, Крива Паланка, 8 Куманово, Скопје – Петровец, Кавадарци, 9 Виница, Струмица, Демир Капија, 10 Ѓевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

12 Берово, 11 Виница, 10 Попова Шапка, 9 Битола, Струмица, Кавадарци, 8 Гевгелија, Крушево, 7 Скопје-Петровец, Пожаране, Пожар, 6 Крива Паланка, 5 Демир Капија, 4 Маврово, Куманово, 3 Велес, 2 Тетово, Прилеп, Штип, 1 Претор , Лазарополе.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената..

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 14.8.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изгоре семејна куќа во населбата Трајаново Трло, гореше фабрика за изолациски материјали од стиропор во Кочани

Дејан Дејан

Колку се безбедни пешачките зони?

Дејан Дејан

Од Извештајот за Македонија се вадат македонски јазик и идентитет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе