Во рамки на ревијата на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ организирана за помош на семејствата на настраданите во Кочани, вечер ќе биде прикажан хрватскиот филм „Хотел Пула“ (2023) на Андреј Коровљев. Главните улоги во филмот ги толкуваат Ермин Браво, Ника Грбеља и др.
Од 30 март до 3 април 2025 година во киното „Киноверзум“ во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе има проекции на филмови од минатите изданија на Киненова.
Публиката ќе може да ги погледне и иранскиот филм „Кафуле“ (2023) според сценарио и во режија на Навид Михандуст, „Зад стоговите сено“ (2022) во режија на Асимина Проедру и „На се ќе дојде крај“ (2024) во режија на Рајко Грлиќ.
Средствата од влезниците ќе бидат наменети за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.