Култура

Премиера на „ Олд Сејбрук“ во Театар Комедија

Во Театарот Комедија утре вечер премиерно ќе биде прикажана претставата „Олд Сејбрук“ на Вуди Ален, во режија на Нина Николиќ. Претставата е дел од меѓународниот проект „ПРОСПЕР“ и е инспирирана од уметничката резиденција одржана во Охрид. Таа го отвора прашањето за односот на поединецот кон природата. се вели во дописот од продукцијата „ Перипетија“.

  • Двата пара елегантни њујорчани оддаваат впечаток на совршенство и складност, но под таа фасада, под површината, ќе откриеме низа потиснати и скриени тајни, мани и фрустрации. Тргнувајќи од една едноставна ситуација, американскиот сценарист и режисер Вуди Ален ги преиспитува темите на верност и сладострастност, брачните кризи и неверството. Во малку чеховски манир, но низ забавни и неочекувани пресврти и со остар динамичен дијалог, карактеристични за Аленовото перо, се разоткриваат деликатни љубовни односи и се отвораат прашања за простувањето и за новите почетоци, стои во дописот од „ Перипетија“.

Во претставата играат: Валентин Костадиновски, Дарја Ризова, Елена Кузманов, Благој Веселинов, Атанас Атанасовски, Маја Љутков и Тони Денковски. Креативниот тим го сочинуваат: Тамара Барачков – драматург; Ивана Каранфиловска Угуровска – костимографка; Илина Ангеловска – сценографка; Оливер Јосифовски – композитор; Димитриос Сотириу – сценски движења; Крис Јегер – дизајн на светло; Сара Митова – дизајн на плакат.

Во рамките на премиерата, на малата сцена на Театар Комедија ќе биде отворена и групната меѓународна изложба „ПЕРИФЕРИИ“, која настана за време на триесетдневната резиденција на осуммина меѓународни уметници кои престојуваа во Охрид, во април 2024 година. За време на престојот, тие се сплотија со околината и остварија интеракција со природата и со урбаното опкружување околу Охридското Езеро. На изложбата може да се видат делата на Јара Асмар, Клаудио Беоркија, Јулија Ехлер (Julia Eichler) и Кафар Рзаев. Ќе се одржи и перформативно поетско читање на Ката Ѓорфи (во определен термин).

„Олд Сејбрук“ е копродукција помеѓу Перипетија продукција и Театар Комедија, како дел од проектот „PROSPER“. Проектот е кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, како и од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Проектот го реализираат 5 организации: Перипетија продукција и ЛДА Струга (Северна Македонија), ЛУП (Грција), Ехо анимато (Србија) и Ојун (Германија), додаваат од продукцијата „ Перипетија “.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На македонските танчери им е потребен простор за изразување и одржлива структура

Дејан Дејан

„Горан е тука“ – 73 години од раѓањето на големиот драмски автор Горан Стефановски

Дејан Дејан

Природата како модна инспирација: Талентот на учениците од „Шаип Јусуф„

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе