Лос Анџелес лејкерс загубија со 118-106 од Орландо во рамки на НБА-лигата. Франц Вагнер со 32 поени и Паоло Банкеро со 30 ги водеа Меџик пред домашните фанови. Во таборот на Лејкерс, Лука Дончиќ беше најефикасен со 32 поени, а Леброн Џејмс придодаде 24. За гостите ова беше трет пораз во низа, а вкупно седми на последните 10 средби, па Лејкерс сега паднаа на четвртото место во Западната конференција.
Денвер исто така се мачи без Никола Јокиќ во составот кој го пропушти петтиот натпревар по ред поради повреда. Нагетс загубија на домашен паркет од Чикаго со 119-129. Коби Вајт со 37 поени ги предводеше Булс, а Џош Гиди имаше 26. Кај Денвер најмногу се истакна Џамал Мареј со 28 поени.
Ентони Дејвис се врати по повредата и Далас победи на гости кај Бруклин со 101-120. Центарот имаше 12 поени, а најефикасен кај Маверикс беше Наџи Маршал со 22 поени.
НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Индијана – Минесота 119-103
Вашингтон – Торонто 104-112
Њу Орлеанс – Филаделфија 112-99
Феникс – Милвоки 108-106
Сакраменто – Бостон 95-113