Вести Македонија Најважни

Таравари: Четири пациенти се критични, оваа недела очекуваме враќање на осум од странство

Четири од пациентите од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство се во критична состојба, а осум очекуваме оваа недела да се вратат во државава, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што соопшти, денеска се очекува да бидат испишани 16 пациенти од домашните болници, каде се лекуваат вкупно 46. На Клинички центар се лекуваат 26 пациенти и по 10 во ГОБ „8 Септември“ и во Свети Наум Охридски, во приватните болници се третираат осум пациенти. На лекување во странство се 115 пациенти.

„Фаза на инфекции сме, можни се компликации. Колегите даваат максимум. Се надевам барем половина од пациентите ќе се вратат за две недели“, изјави Таравари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

За Жерновски цела ВМРО-ДПМНЕ живее во розов свет, Лефков дециден дека со закочени автопатишта нема економски раст

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе