Вести Македонија Најважни

Кривични пријави, притвори, суспензии – прва фаза од истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“

Дваесет и седум физички лица и три правни се опфатени досега во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Истражни постапки има и против седум полициски службеници од СВР Штип и ПСОН Кочани.

Одреден е притвор за 24 лица, меѓу нив се двајца поранешни градоначалници на Кочани – Ратко Димитровски и Николчо Илијев, потоа градоначалникот во оставка Љупчо Папазов, како и поранешниот министер за економија, Крешник Бекштеши.

Поднесени се и две кривични пријави против 34 физички и три правни лица за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 во врска со „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Едно лице е пријавено и за „примање поткуп“ по член 357 од КЗ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

За Жерновски цела ВМРО-ДПМНЕ живее во розов свет, Лефков дециден дека со закочени автопатишта нема економски раст

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе