Вести Македонија Најважни

Муцунски: Трошоците за лекување во странство се покриени од државите домаќини, патувањето, сместувањето и логистиката од македонската влада

Трошоците за лекување во странство на повредените луѓе во пожарот во Кочани се покриени од државите домаќини, а патувањето и сместувањето на нивните најблиски и трошоци за целата логистика за нивниот престој е на нашата Влада, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на прес-конференција и се заблагодари на сите земји кои ги примиле повредените и за нивната солидарност.

Информираше дека вкупно 116 пациенти со повреди во пожарот на концертот во Кочани се лекуваат во странски болници во 14 европски држави. Триесет и осум од нив, како што додаде, се пратени на лекување преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кој Владата го активирала веднаш по несреќата, а останатите се пратени преку директна билатерална помош.

Идната недела ќе почне враќање на првите пациенти што се лекуваат во странство кои се наоѓаат во добра здравствена состојба или за продолжување со третманот во македонските болници.

„Најавите што ги имаме се дека во тек на следната недела ќе почнат да се враќаат првите пациенти, тие најави ги добиваме во директна комуникација каде што се сместени и кои ќе бидат во доволно добра здравствена состојба за да може да се враќаат назад“, рече Муцунски на прес-конференцијата.

Најголем број од хоспитализираните во странство, 31, се во болници во Србија, 15 во Бугарија, по 12 во Турција и Грација, седум во Шпанија, по шест пациенти се на лекување во Австрија и Унгарија, пет во Хрватска, по четири пациенти во Белгија, Литванија, Италија, Шведска и Словенија и двајца пациенти во Полска.

Чешка и Израел испратиле медицински тимови додека Романија, Луксембург, Норвешка и Финска, обезбедиле логистичка поддршка за транспорт на повредените.

Муцунски рече дека утре ќе замине во Будимпешта да ги посети повредените што се во тамошните болници. Соопшти дека нашите ДКП-а се во 24 часовна комуникација со семејствата во земјите каде се згрижени нивните најблиски, дека им се покриени сите потребни трошоци. Посочи и дека дежурните телефони на МНРНТ и СОЗР остануваат отворени за сите прашања и потреби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

За Жерновски цела ВМРО-ДПМНЕ живее во розов свет, Лефков дециден дека со закочени автопатишта нема економски раст

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе