Десет повредедни лица во пожарот во Кочани кои се третираа во македонските болници денеска ќе бидат испишани и пуштени на домашно лекување, објави министерот за здравство, Арбен Таравари на прес-конференција претпладнево во Ургентниот центар.
„Еден ќе бидат испишан од Клиничката болница во Штип, еден од Детска хирургија, еден од Торакална и пет од приватните клиники „Систина“ и „Жан Митрев“. Во моментот на лекување се 162 пациенти од кои 47 во домашните болници, а 115 во странство. Освен едно лице во Турција, кое е во многу сериозна состојба и неколку во покритична состојба, сите останати се во стабилна состојба“, изјави Таравари,.
Таравари додаде дека повеќе ќе нема праќање на пациенти на лекување во странство, туку од наредната недела се очекува дел од нив да почнат да се враќаат во Македонија.