Вести Македонија Најважни

Приведени поранешните градоначалници на Кочани Димитровски, Илијев и Папазов

Актуелниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов и неговите двајца претходници Николчо Илиев и Ратко Димитровски се приведени во врска со пожарот во дискотеката Пулс во кој загинаа 59 лица, дознава Телма. За време на владеењето на тројцата градоначалници дискотеката речиси целото свое постоење работела на диво.

Во тек е акција на МВР по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации ќе соопштиме по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден, соопштија од мвр.

Со слично соопштение излегоа и од обвинителството.

 

Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”. Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден, соопштија од обвинителството.

Дискотеката Пулс е отворена во 2012 година кога прв човек на Кочани беше Димитровски. Тогаш општината му препорачала на Државниот пазарен испекторат да не ѝ издава лиценца за дискотека, бидејќи објектот бил наменет за лесна индустрија.

Но, дискотеката Пулс е отворена зимата 2012 година. Димитровски е градоначалник до 2017 година.

Инаку, Димитровски претходно се гонеше во случајот „Поштенски банки“ на поранешното СЈО и е сопственик на печатницата Европа 92.

Дискотеката работела на диво и во времето на наредниот градоначалник Илијев. Првата лиценца од Министерството за економија, кое е надлежно, ја добива 2021 година, кога прв човек на Кочани станува Папазов.

Но, прашање е како е издадена кога објектот не бил угостителски и не ги исполнувал законските одредби.

Сепак дискотеката Пулс има лиценца која ѝ важи една година. Една година повторно работи на диво за повторно во 2023 да добие нова лиценца, која истекла лани. До моментот на пожарот Пулс имала фалсификувана лиценца.

Согласно Член 8 од Законот за угостителска дејност, градоначалникот на општината води евиденција на угостителите кои отпочнуваат со работа на нивното подрачје.

Но, Пулс 13 години работела непречено.

Папазов на 17 март поднесе неотповиклива оставка.

Вкупно 26 осомничени од кочанското обвинителство се со краткотраен притвор, меѓу нив се и екс министерот за економија Крешник Бектеши, поранешната државната секретарка во министерството Размена Чекиќ Дуровиќ, поранешните директори на ДЗС и ДПИ, Беким Максути и Горан Трајковски, обезбедувачи вработени во државни институции.

Дополнителено од вчера вечер во 30 дневен притвор се уште седумина полициски службеници поранешни началници и инспектори од Штип и Кочани.

Тие се гонат дека без проверки и без контрола, на сопственикот на дискотеката Пулс му издале документи кои биле искористени во  2023-та да добие лиценца.

Марија Митевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Светска Банка: Македонија би можела да го достигне просекот на ЕУ во приходи по глава на жител за 30-40 години

Дејан Дејан

Милановиќ: Не дозволувајте да ве уценуваат на патот кон ЕУ

Дејан Дејан

Божиновска: Нема да има „блек аут” како во Шпанија и Португалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе