Сериозни пропусти во безбедноста на дискотеката „Пулс“ се првичнните резултати од истрагата по пожарот во Кочани. Во тек се рочишта за определување притвори, велат од обвинителството за Телма.
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и останатите приведени за кои се бара краткотраен притвор ноќта ја поминале во повеќе полициски станици во Скопје и во Кочани.
Одговорност за пожарот се бара кај 15 луѓе кои се под истрага. За 10 од нив обвинителот побара притвор. Првоосомничен е организаторот на синоќешната забава.
Повеќе од 20 осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани