Пожарот во дискотеката во Кочани со невидени трагични размери избувнал пред 3 часот по полноќ.
Од Обвинителството соопштија дека сите надлежни институции и обвинител се на лице место и се утврдува бројот на жртви и повредени.
-Сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Бројот на жртви и повредени се утврдува. Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување, соопштија утрово од обвинителството.
Првичните информации се дека по избувнувањето пожарот се ширел кон таванот и кровот кој горел брзо. Посетителите на дискотеката се движеле кон излезот каде се создала гужва при што многу од нив вдишувале чад. Пожарот се ширел бргу. Засега не е позната причината за пожарот.