Загина 51 лице, а 148 се повредени во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Пожарот избил поради пиротехнички средства кои се користеле за светлосен ефект на концертот на групата ДНК, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и МВР ги презема сите мерки за расветлување на околностите и утврдување на одговорност за трагедијата.
„Во моментот на активирање на таканаречените прскалки најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесна запалива материја по што за многу краток временски период пожарот брзо се проширил низ целата дискотека и се направил густ чад. Имаме веќе приведнео лица во врска со предметниот настан. Сакам да ја уверам македонската јавност дека во овој случај ќе се утврди одговорност со име и презиме“ изјави Тошковски.
Тошкоски додаде дека секој чувствува морална одговорност за националната трагедија, но не одговори дали ќе поднесе оставка.
Според сознанинајата на Телма дискотеката Пулс работела низа години. Се менувале нејзините сопственици, а до 24 март и важела лиценцата за работа. Меѓу приведените, според нашите извори е и актуелниот сопственик на дискотетката.
На прашањето кој дозволил да има дискотека во куќа која е со решетки на прозорите и е веднаш до други куќи, Тошковски побара да и се дозволи на МВР да ја заврши најпрвин истрагата со цел да се утврдат фактите со цел како што повтори да се утврди точната одговорност.
На терент во Кочани се и шефовите на сите обвинителства. Дражвниот обвинител Љупчо Коцевски, шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски, шефот на организиран криминал и корупција Ислам Абази.
„Јавниот обвинител на Република Северна Македонија формираше обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија во Кочани. Обвинителите заедно со останатите надлежни служби се на терен“ соопшти Обвинителството.
Од Обвинителството информираат дека петмина се приведени во врска со пожарот во дискотеката.
Марија Митевска