Од клиниката „Жан Митрев“ соопштија дека вратите на клиниката се отворени за секого кому му е потребна медицинска помош.Оттаму велат дека нивниот тим е подготвен да одговори на секој повик со највисоко ниво на грижа и посветеност.
„Веќе неколку лица од несреќата се згрижени во нашата клиника. На располагање ги ставаме и амбулантни возила на клиниката за да стигнеме до сите на кои им е потребна помош“, информираат од клиниката.
„Ова се моменти кога мора да останеме сплотени, да си помогнеме и да покажеме дека никој не е сам. Со мислите и срцата сме со повредените и нивните семејства“, велат од клиниката „Жан Митрев“.