„Ние добро ја разбравме пораката, но и сите луѓе во власта мора да ја разберат пораката кога ќе се соберат толку многу луѓе. Ќе мора да се менуваме. Ќе мора да научиме многу работи. Од друга страна се надевам дека некои други добро ја разбраа пораката на мнозинска Србија дека граѓаните не сакаат обоени револуции. Дека граѓаните на Србија не сакаат насилство и сакаат на избори да ја менуваат својата власт, истакна српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој рече дека вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, или побарале помош во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Звездара, едно во Земун, така што вкупно 56 лица, кои не се тешко повредени.

„Лицето од кое стравувавме дека е во тешка состојба, бидејќи има добиено многу удари, беше вклучено во тепачка меѓу демонстрантите на плоштадот Никола Пашиќ. Тоа лице се здобило со најтешки повреди, но тие повреди не се ни квалификуваат, формално се квалификуваат само како тешки телесни повреди, но секако не бил загрозен  животот на повредениот“ изјави Вучиќ.

Потенцираше дека „Ние не ја кренавме палката, денеска не ја употребивме палката.  Треба да се срамат „лажговците во политиката и опозицијата кои измислија за звучните топови. Тоа има толку морничав звук налик на чкрипење, кое предизвикува гадење,“

“Звучен топ” бил употребен во Србија на протестите за време на 15-минутниот молк и предизвика паника. Српскиот безбедносен систем има такво оружје, тврди аналитичар

Претседателот се обрати по денешните протести, тој ги поздрави и студентите кои се повлекоа по неколкуте инцидентите кои избија, а за протестите во Будимпешта рече дека „стои ист потпис“, но и дека има идентичност во сликањето и снимањето на двата протеста.