Кошарка Спорт

Денвер едвај ги совлада десеткуваните Лејкерс без Џејмс и Дончиќ (ВИДЕО)

Сериозно ослабениот ростер на Лос Анџелес лејкерс му даде достоен отпор на Денвер, но на крајот загуби со 131-126. Гостите беа без првите ѕвезди Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, а не играа ниту Руи Хачимура, Џексон Хејс, Доријан Фини-Смит и Гејб Винсент.

Никола Јокиќ со 28 поени и Џамал Мареј со 26 ги водеа Нагетс до триумфот, додека кај Лејкерс најдобри беа Остин Ривс со 37 поени и 13 асистенции и Далтон Кнехт со 32 поени.

Џа Морант постигна 44 поени, но тоа не беше доволно за Мемфис да го совлада Кливленд. Кавалирс славеа гостинска победа од 124-133 за клупски рекорд од 16 триумфи во низа. Еван Мобли имаше 22 поени и 11 скока, додека Дариус Гарланд постигна 20 во редовите на Кливленд.

Шампионот Бостон славеше во Мајами со 91-103, гостински победи остварија и Лос Анџелес клиперс кај Атланта со 98-121 и Индијана во Филаделфија со 100-112.

На останатите натпревари:
Хјустон – Далас 133-96
Минесота – Орландо 118-111
Сан Антонио – Шарлот 134-145
Јута – Торонто 118-126
Феникс – Сакраменто 122-106

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе