Вести Култура

Објавена Годишната програма за одбележување на значајни настани и историски личности за 2025 година

По шест години пауза, Собранието ја објави Годишната програма за одбележување јубилеи на значајни настани и историски личности за 2025 година. Програмата содржи 103 точки и во согласност е со мултиетничкиот карактер на државата.

Меѓу богатството настани што ќе се одржат годинава е одбележувањето 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик. Со програмата се одбележува државната меморија, кажа пратеничката Велика Стојкова Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Објавувањето на ваквата програма всушност нема финансиски импликации , ниту за државата, ниту за институцијата, но е исклучително важна бидејќи ја означува државната меморија и ги означува корените, како оваа држава и како на оваа територија почнала да се создава држава. Значи, се одбележува државната меморија“, изјави Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лефков: Ние веруваме во нашите партнетнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Според Жерновски целата ситуација со Извештајот е аматерска и непотребна

Дејан Дејан

Зеленски – Трамп: Разговаравме за прекин на огнот и вистински мир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе