Вести Македонија Најважни

(Видео) И Васко Ковачевски е опфатен во истрагата во која се приведени Капушевски и Јахоски

Уапсени се Ратко Капушевски, сопственикот на РКМ и Асмир Јахоски, газдата на Пуцко Петрол. Ова за Телма го потврдија повеќе извори запознаени со истрагата. Се испитуваат злоупотреби при набавка на нафтени деривати.

Со истрагата се опфатени и повеќе лица меѓу кои Васко Ковачевски, поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски. Се вршат претреси на повеќе локации, покрај Скопје, претреси има во Кичево и Пласница.

КОД на Телма неколкупати правеше истражувања на темата по што и Aнтикорупциска отвори постапка и покрена иницијатива за кривично гонење. Во истрагата се опфатени и повеќе возачи.

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол

ОЈОГОКК ја води истрагата во која се испитуваат злоупотреби при набавка на деривати за Капушевски и Јахоски

КОД: Шемата фирми од Ахмети преку неговиот зет води до пратеникот Јахоски, но и до РКМ на Капушевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе