Вести Македонија Топ вести

ОЈОГОКК ја води истрагата во која се испитуваат злоупотреби при набавка на деривати за Капушевски и Јахоски

Како што веќе објави Телма, приведени се Ратко Капушевски, сопственикот на РКМ и Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол.

Ова го потврдија повеќе извори запзонаени со истрагата. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја води истрагата во која се испитуваат злоупотреби при набавка на деривати.

РКМ на Капушевски и на Ерџан Сулкоски добиваше набавки на мазут вредни десетици милиони евра од државните елктрани за ТЕЦ Неготино, за време на енергетската криза.

Со истрагата се опфатени и повеќе возачи. Од Oбвинителството потврдија дека истражните активности се во тек.

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Санчез му одговори на Трамп: Шпанија е суверена земја

Дејан Дејан

Изгоре стан во Делчево, едно лице во болница

Дејан Дејан

САД: Постигнат договор за забрзување на испораките на ретки метали од Кина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе