Култура

Во НУБ отворена изложба во пресрет на 8 Март- Меѓународниот ден на жената

Дами, секогаш да бидете свесни за вашата вредност и никогаш да не дозволите некој да си игра со вас. Ова е пораката од директорот на НУБ, Јовица Никчевски, упатена до неговите колешки и останатите присутни жени, на денешното отворање на изложбата, со која оваа нацинална установа се вклучи во прославата на утрешниот празник, 8 Март – Меѓународниот ден на жената.

Дами поради кои машкиот свет заради вашата убавина трепери , вашата љубов го расте човештвото, вие не сте само поубавиот пол, вие како дами сте и понешниот пол, меѓутоа и посилниот и помоќниот. Ви препорачувам секогаш да бидете свесни за вашата вредност. И никогаш да не дозволите некој да си игра со вас, кажа Јовица Никчевски, директор на НУБ „ Свети Климент Охридски“.

На изложбата „Убавите жени во мојот народ“, насловена според првиот стих од истоимената песна на Блаже Конески, е претставен дел од движното културно наследство, кое го чува НУБ „Свети Климент Охридски“.

Станува збор за изложба од мултимедијален карактер. Таа вклучува творби од 3 збирки на НУБ. Од збирката за современи авторски ракописи, музичката и од збирката за визуелни уметности.

Во витрите украсени со рози или каранфили, се претставени  ракописи од песни, но и стихозбирки од првите македонски поетеси и писателки: Евгенија Шуплинова, Радмила Трифуновска, Светлана Христова- Јоциќ, Драгица Најчевска и Гордана Михаилова- Бошнакоска.

Грамофонски плочи, компакт дискови, партитури и монографски изданија сведочат за посветеноста и вредноста на солистките: Милка Ефтимова, Нина Спирова, Есма Реџепова, Маја Оџаклиевска, композиторките Јана Андреевска и Дарија Андовска и од научните работнички во сферата на музиката и балетот: Родна Величковска, Емилија Џипунова, Соња Здравкова – Џепаровска и Татјана Грковска.

А, слики од Анета Светиева и Славица Јанешлиева, како и публикации од истражувањата за визуелните уметности од Вера Битракова, Елизабета Димитрова и Соња Абаџиева, чинат дел од богатото македонско творештво, прикажано на изложбата.

На отворањето беше прочина песната од Конески „Убавите жени“, а се зборуваше и за историјатот на празникот 8 Март, кој годинава одбележува 50 години, откако бил прогласен од Обединетите нации.

Изложбата „ Убавите жени во мојот народ“ , во НУБ ќе биде отворена следниве две седмици.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе