Македонија за прв пат во историјата имаше свој претставник во едно финале на големо атлетско натпреварување. Андреас Трјковски на Европското првенство во сала во скок во далечина го освои осмото место.
Нашиот репрезентативец во шесте настапи имаше три скока и очигледно дека притисокот од настапот во финалето си го направи своето.
Трајковски со скок од 7 метри и 65 сантиметри го освои осмото место додека златото сосема неочекувано му припадна на Бугаринот, Божидар Сарабојуков кој имаше 8 метри и 13 сантиметри.
Втор со само еден сантиметар послаб резултат беше првиот фаворит за златниот медал, Матија Фурлани од Италија додека трет е Лестер Лескај од Шпанија.
Двајцата имаа идентичен скок од 8 метри и 12 сантиметри, но Шпанецот пет престапи па Фурлани поради подобра серија го освои сребрениот трофеј.
ФОТО: Игор Паневски