Вести Најважни Свет

Лидерите на Европската Унија се обврзаа на зголемување на одбраната по предупредувањата од Трамп

Лидерите на Европската Унија на вчерашниот самит што се одржа во Брисел се обврзаа да работат заедно на зајакнување на одбраната на континентот и да ослободат стотици милијарди евра за безбедност, по предупредувањата од американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги остави самите да се соочат со заканата од Русија.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по завршувањето на самитот рече дека 27-те лидери на ЕУ сакаат да ја осигураат безбедноста на Европа и да делуваат со решителност и брзина што што ја налага ситуацијата.

Мислам дека денес се пишува историја. Ние  излегуваме од овој Европски совет многу решени да ја обезбедиме безбедноста на Европа и да дејствуваме со обемот, брзината и решителноста што ги бара оваа ситуација. Решени сме да инвестираме повеќе, да инвестирамe подобро и да инвестираме побрзо заедно. Од Париз дo Лондон до Брисел покажавме дека сме подготвени способни да ги засилиме нашите заеднички напори и ефикасно да се координираме“ изјави Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија.

Лидерите го потпишаа планот за олеснување на буџетските ограничувања, така што заинтересираните земји членки на ЕУ ќе можат да го зголемат своето воено трошење.

„Донесовме конкретни одлуки за да обезбедиме нови ресурси, нови алатки, нови инструменти за нашите одбранбени способности. Тоа значи да инвестираме во нашата економија и да ги заштитиме нашите граѓани. Прво, решивме да инвестираме во приоритетните области веќе дефинирани од Европската агенција за одбрана, како одраз на лекциите научени од војната во Украина и во целосна согласност со НАТО“ изјави Антонио Коста, претседател на Европскиот совет.

Тие исто така побараа од Европската комисија да бара нови начини за „олеснување на трошењето на одбраната“ во сите земји членки, се вели во соопштението. Се проценува дека на овој начин би можеле да се ослободат околу 650 милијарди евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Oд полноќ дизелот поевтинува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе