Вести Економија

Февруарска инфлација од 5%, повторно измерен раст на годишната, храната поскапела 6,6%, а цената на кафето и чајот галопира со 19,2%

Годишната инфлација е 5% во февруари, објави Државниот завод за статистика. Со ова продолжи растот на инфлацијата во последните неколку месеци. Цените во однос на јануари 2025-та се зголемиле за половина процент (0,5%).

Најголемо поскапување на месечно ниво има во категоријата храна и безалкохолни производи (месечно покачување од 1,4% и годишно од 6,6%). На годишно ниво највисоко покачување имаат цените во рестораните и хотелите, +12,2% (на месечно ниво, февруари во однос на јануари, покачувањето е 0,6%).

Најголемо покачување,на годишно ниво, од 19,2% е забележано за кафе, чај и какао. „Млеко, сирење и јајца“ поскапеле за 8,1% додека зеленчукот е на ниво од поскапување од 8,7%. Зејтинот и маслата се покачиле за 13,1%, месото за 6,5%, а овошјето за 4,5%.

Единствени прехранбен производ кои поевтинеле се рибата и морските плодови со -1%.

На месечно ниво, од храната, најголем процент на поскапување е забележан за месо од 2,4% и овошје од 2,1%.

Иако на месечно ниво е забележан минимален -0,1% пад на цените на хотелските односно цените за сместување, на годишно ниво (февруари 2025-та во однос на февруари 2024-та) е забележан раст од 36,9% или повеќе од третина поскапо.

Угостителските услуги на месечно ниво се покачиле за 0,8% додека на годишно ниво за 7,5%.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе