Американскиот претсeдател Доналд Трамп привремено ги иззема материјалите од Мексико и Канада што ги користи американската автомобилска индустрија од зголемена царина од 25 отсто за увоз на стоки од овие земји.
Воведувањето царини од страна на Трамп, ја поттикна Канада да преземе одмазднички мерки, што предизвика тарифна војна меѓу двата соседа. Одлуката за одмазднички мерки на Мексико се очекува да стапи на сила овој викенд.
Акциите на големите производители на автомобили од САД, Азија и Европа скокнаа до шест отсто по новата одлука на Трамп. Новоизбраниот американски претседател претходно им порача на компаниите кои вршат увоз во САД за да ги избегнат новите давачки може да си ги преселат своите бизниси во Америка и на тој начин нема да бидат изложени на дополнителни трошоци.
Тарифите од 25 отсто треба да стапат на сила на 2ри април, а според Трамп станува збор за „реципрочни“ мерки за да одговараат на увозните давачки, даноци и стимулации во други земји.